Во болница завршило 13-годишно девојче, ја натепале таткото и брат ѝ


Фото: Б. Грданоски

Во радовишката болница со повреди било донесено 13-годишно девојче, натепано од соствениот татко и брат.

– На 20.07.2025 година во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесетгодишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А. – соопштија од полицијата.

За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.