Во битолскиот Центар за култура вечер гостува Раде Шербеџија


Во големата сала на НУ Центар за култура во Битола целовечерен концерт ќе приреди уметникот Раде Шербеџија.

Домаќин и организатор на ексклузивниот концерт на кој Шербеџија ќе го претстави својот албум „Не свртувај се сине“ е националната установа Центар за култура-Битола.

-Раде Шербеџија ќе настапи придружуван од бендот „Западни Колодвор“. Новиот студиски албум на легендарниот актер, поет и музичар е врвно музичко достигнување и е создаден во време на пандемија и е сниман со екипа одлични музичари. Битолската публика вечер ќе ја чуе и песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот го создаде Диран Тавитјан, најави Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.