Во БиХ пристигнуваат резервните сили на ЕУФОР


Резервните сили на ЕУФОР денеска пристигнуваат во Босна и Херцеговина, по копнен пат, преку граничните премини Свилај и Бијача на границата со Хрватска и по воздушен пат, преку аеродромот во Сараево, соопшти ЕУФОР.

Во соопштението се наведува дека во следните денови силите на ЕУФОР ќе бидат засилени со војници, возила и хеликоптери од Чешка, Италија и Романија.

Претходно беше најавено дека околу 400 војници од резервните сили на ЕУФОР ќе пристигнат во БиХ, која се соочува со една од најголемите политички и безбедносни кризи во постдејтонскиот период.