Во берберница во Копенхаген убиен 17-годишен Бугарин

Во петокот, околу пладне дојде до пукање во берберница во Копенхаген, а полицијата јави дека е убиен 17-годиншен шведски државјанин. Но, денеска, полицијата соопшти дека се работи за Бугарин, кој во Скандинавија дошол порано годинава.
Во истиот напад, ранети се и 15 и 21-годишни момчиња.
Според шведската агенција ТТ, не е јасно дали убиениот имал некаква врска со Шведска.
Нападот се случи еден ден откако маж беше застрелан во грб бо Копенхаген, а осомничен за пукањето е 21-годишен Швеѓанец од Гетеборг.
Заради зачестеноста на нападите, две населби во Копенхаген се рпогласени за „посетителска зона“, каде полицијата може ненајавено да ги претресе жителите, јави thelocal.se.