Во автомобил да се возат најмногу тројца со заштитна опрема
Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен заменик на министерот за внатрешни работи.
На информативната видеосесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на корона вирусот Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.
Доколку излегуваат на терен, односно се работи за службено патување, за тоа е потребно да имаат и дозвола за движење која е издадена од работодавачот, рече Петровска.