Во авионската несреќа во Колумбија загинаа 66 војници
При падот на колумбискиот воен авион загинаа 66 припадници на вооружените сили, изјави началникот за одбрана Ухо Алехандро Лопес Барето.
Тој посочи дека во авионот имало 128 луѓе односно 11 припадници на колумбиските воздухопловни сили, 115 припадници на армијата и двајца припадници на националната полиција.
Авионот Ц-130 Херкулес летал од Пуерто Легуизамо до Пуерто Асис, но е урна по полетувањето. Сè уште е непозната причината за несреќата.