Во Атина се снима „Мојата голема дебела грчка свадба 3“
„Мојата голема дебела грчка свадба 3“ почна да се снима во главниот град на Грција – Атина. Писателката и ѕвезда на серијалот, Нија Вардалос го објави ова на Инстаграм, откривајќи и дека ќе го режира и овој трет дел.
„Во Грција сме, на снимањето на ‘Мојата голема дебела грчка свадба 3’ и ви благодариме за сите прекрасни пораки дури само чекате. Благодарност до ‘Платон’, ‘Голд сркл’, ‘ХБО’ и ‘Фокус’! … И многу љубов и благодарност до сите вас за поддршката додека чекавме да се снима. Грција, срце! Грција!“, напиша Вардалос.
Првиот филм „Мојата голема дебела грчка свадба“ беше издаден 2002 година. Вардалос го напиша сценариото и ја глумеше главната женска улога, доби номинација за „Оскар“ за филмот за оригинално сценарио. Михаил Константин, таткото во „Мојата голема дебела грчка свадба“, почина лани на 94 години.
Оригиналниот филм стана мега-хит и сѐ уште важи за таков, но продолжението од 2016 година, „Мојата голема дебела грчка свадба 2“ – со заработка во САД од само 60 милиони долари, беше своевидно разочарување и кај критичарите и кај обожавателите.
Подробностите за приказната и актерската екипа за третиот дел, како и датумот на издавање засега остануваат во тајност.