Внуката на Грејс Кели се врати на Мет Гала: Шарлот Казираги секогаш е во „Шанел“
Њујорк- Внуката на холивудската актерка и принцеза Грејс Кели, Шарлот Казираги, имаше кралско појавување на Мет Гала кога прошета на црвениот килим на гала настанот во чест на Карл Лагерфелд.
Казираги, ќерката на Каролина од Хановер и внуката на принцезата Грејс Кели од Монако, му се придружи на модното кралско семејство кога пристигна на скалите покриени со црвениот тепих на Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк.
За таа прилика, Казираги, кој е амбасадор и портпарол на Шанел, каде што Лагерфелд беше креативен директор од 1983 година до неговата смрт во 2019 година, носеше црна чипкана винтиџ тоалета на Шанел со голи раменици.
Додека позираше на црвениот килим пред откривањето на новата изложба на Институтот за костими, Казираги им се придружи на колегишките амбасадорки на Шанел, актерката Кристен Стјуарт и режисерката Софија Копола.
Присуството на Казираги на настанот не е изненадувачки, бидејќи и таа и нејзината мајка принцезата Каролиан имаа блиски односи со покојниот германски дизајнер.

„Поминаа повеќе од 45 години пријателство“, изјави Каролина, која често присуствуваше на ревиите на Лагерфелд, за францускиот магазин Поинт де Вју по смртта на Лагерфелд.
Казираги, исто така, имаше историја на работа со модни куќи на покојниот креативен директор, бидејќи стана модна вест кога се појави на коњ на ревијата на Шанел за сезоната пролет/лето 2022 во Париз.

Ова не е прв пат внуката на Грејс Кели да присуствува на Мет Гала, бидејќи таа претходно присуствуваше на ексклузивниот моден настан во 2019, 2018 и 2016 година. Таа, исто така, не е првата кралска личност што го сторила тоа, бидејќи принцезата Дијана и принцезата Беатрис присуствуваа на годишна гала, додека кралицата Ранија од Јордан ѝ се придружи на Казираги на модната екстраваганција во 2016 година.

Присуството на Казираги на Мет Гала не беше единствената врска со нејзината покојна баба. Актерката Ел Фанинг откри дека ѓерданот на Cartier Grain de Café од 1955 година што го носела на настанот потсетува на оној што го носела Грејс Кели во кралскиот портрет од 1955 година, според Harper’s Bazaar.

Грејс Кели која освои и Оскар. стана принцеза од Монако кога се омажи за принцот Рение III во април 1956 година, при што двојката има три деца, принцезата Каролин, принцот Алберт II и принцезата Стефани. Американската актерка и принцеза, почина во сообраќајна несреќа во 1982 година, откако доживеа мозочен удар додека возеше.

