Внук на Блага Видец, дел од бендот на Здравко Чолиќ, пофален од Ал Ди Меола: Кој е Слоба Драговиќ?

Пијанистот и композитор од Белград на 17 мај го објавува својот нов сингл и видео запис „Неизвесни времиња“ (Uncertain Times)


Фото: Кан и Лингус студио

Пијанистот и композитор Слоба Драговиќ на 17 мај го објавува својот нов сингл и видео запис „Неизвесни времиња“ (Uncertain Times) , кои ќе бидат достапни на сите стриминг платформи.
Со оваа композиција авторот ја опишува моменталната глобална ситуација и неговото лично емотивно искуство. Комбинирајќи џез и симфониско-рок стилови со влијанието на филмската музика, авторот создава сложена седумминутна композиција. Видеото прикажува четворица музичари во темна сала без публика, симболизирајќи период кој остави длабока трага на сите нас.

Фото: Кан и Лингус студио

На оваа снимка се појавуваат некои од српските најдобри музичари, како и членовите на фјужн бендот Gis May Es, кој на пошироката публика и е познат по настапот на концертот „Beyond the Horizon“, посветен на Лаза Ристовски во Сава Центар во 2016 година. .
Композицијата „Uncertain Times“ е комплетирана со емотивни делови од пијано, енергично соло на тапан, виртуозни делови за електрична гитара, предизвикувачки ритамски дел и елегична тема за бас-гитара.

Фото: Кан и Лингус студио

Со овој сингл Слоба Драговиќ го најавува својот втор соло албум кој е планиран да излезе следната година.
Слоба Драговиќ е пијанист и композитор од Белград. Професионално повеќе се занимава со музика од 20 години настапувајќи на големи и мали сцени ширум светот, во популарни ТВ емисии и соработувајќи со значајни имиња на нашата сцена. Од 2021 година е постојан
член на бендот на Здравко Чолиќ. Тој го компонираше и познатиот џингл „Опушти се и уживај, Naxi Radio“.
Со авторска музика се занимава повеќе од две децении и како фронтмен на џез фјужн бенд
Gis May Es – издаде два албума и неколку синглови: Spaced Out“ (2011), „Недостижно“ (2012), „Start Game“ (2016), „Discovery“ (2019). Како коавтор и коаранжер учествуваше во албумот на Ксенија Куљача „Сила“ (2019).

Тој го издаде својот прв соло албум „Spy Story“ во 2019 година, како и неговиот прв мултимедијален концерт „Alan Ford Spy Story“ во DKSG во Белград. После тоа, делото беше изведено во Љубљана, во Националната галерија.
Албумот го привлече вниманието на многу љубители на музиката ширум светот, но и ги поттикна да се подобрат, што го покажуваат снимките на млади музичари од Србија, регионот, Италија, Унгарија и Хонг Конг, кои изведуваат дел од нумерите од оваа албум на различни инструменти.
Вештините на Слобо Драговиќ на интернет ги пофали и легендарниот гитарист Ал Ди Меола.
кој зборува за тоа со Стив Ваи на нивниот подкаст на Youtube.
Слоба Драговиќ има длабоки музички корени во Македонија благодарение на неговата баба Блага Видец, голема оперска пејачка, а нејзиното пошироко семејство вклучува над 30 познати музичари.