ВМРО-ДПМНЕ тврди дека власта сака да го продаде МЕПСО на грчко – кинеска фирма


ВМРО-ДПМНЕ тврди дека власта, односно СДСМ и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма, обвинувајќи дека се подготвува нов „бонбона бизнис“.

-Во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електропреносен систем, каде 24% сопственост има кинескиот електропреносен систем во државна соспственост, сака да го купи МЕПСО. Доколку власта се осуди на продажба на МЕПСО тоа ќе значи целосно губење на енергетската независност на Македонија.

СДС и ДУИ беа тие кои ја продадоа ЕСМ на само неколку месеци пред изборите во 2006 година. СДС и ДУИ се тие чии бонбона бизниси ги чинат граѓаните милиони. Власта да не влегува во нови авантури, МЕПСО е од стратешко значење за државата и негова продажба не носи никаква полза за Македонија и граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од СДСМ ваквата најава ја нарекоа лажна вест. 

– Лажните вести на Николовски и ДПМНЕ се неколку пати демантирани. МЕПСО не се продава. Ниту има одлука, ниту се преговара за продажба на МЕПСО. Но, бидејќи ДПМНЕ нема политики и нема став за најважните прашања папагалски повторува една иста лага. Освен блокади и лажни вести ДПМНЕ друго не знае, порачаа од владеечката партија.