ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ не се способни трева на готов стадион да одржат


СДСМ и ДУИ не се способни трева на готов стадион да одржат, а не пак Македонија во ЕУ да ја однесат, попрачаа денес во реакција од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот натпревар на репрезентациите на Македонија и на Италија.

 

-Италијанските медиуми пишуваа за бламот на власта која дозволила Националниот стадион да има руиниран терен со дупки и исушена трева. Националниот стадион кој е изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ, кој е објект со кој државата се гордее е целосно запуштен од страна на СДС и ДУИ.Власт која не е способна да полева трева со вода и да ја коси истата потоа, не може да управува со маалски дуќан, а не пак со држава, уште помалку да ја носи државата во ЕУ.СДС и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. И СДС и ДУИ треба што поскоро да си заминат, стои во соопштението на партиоката.