ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување, соопштија од политичката партија.
„Ова законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат и од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до крајот на 2023 година“, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, со ова законско решение ќе се обезбедат и до половина милијарда евра за буџетот.
Одд таму додаваат дека е време е да фатиме чекор со напредните држави, за нови технологии и нов пристап.