ВМРО-ДПМНЕ ја брани Божиновска: Од кога долг кон компанија е кривично дело?


Сања Божиновска вели дека извадила бугарски пасош од „економски причини“

СДСM наместо да биде конструктивна опозиција,  решиla  да служи на енергетската мафија во државата, порача ВМРО-ДПМНЕ по тврдењата на СДСМ дека министерката Сања Божиновска не платила еден милион евра долг на МЕПСО.

-Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа. Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ.Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти.

Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело? Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС?, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ прашувајќи: Зарем толку СДС е погодена што овие денови внучето на Али заработи кривична пријава?