ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ денеска ќе преговараат за владата


Фото: Б. Грданоски

 

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје денеска ќе се одржи состанок на работните групи со коалицијата „Вреди“ за формирање на новата влада. На денешниот прв состанок треба да се дефинираат динамиката и методологијата на работа и усогласување на програмата на идната влада.

Два дена по завршување на изборите, на првата средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со лидерите на „Вреди“ Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши во седиштето на албанската коалиција во скопската чаршија биле договорени општите начела на соработка за идната влада: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.