ВМРО-ДПМНЕ го обвини Битиќи дека барал од компаниите да гласаат за него


Марија Митева

 

ВМРО-ДПМНЕ го обвини вицепремиерот за економија и коносител на изброната листа на СДСМ во ИЕ 2 дека ја злоупотребил својата функција барајќи од компаниите да гласаат за него. Портпаролката Марија Митева наведе писмо во кое, наводно, Битиќи упатува апел при тоа цитирајќи дека го барал нивниот гласбидејќи го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра.

Во писмото тој цитирал дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра и го навел редниот број на гласачкото ливче.

„Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист. Очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова“, рече Митева.