ВМРО-ДПМНЕ го избра носителот на листата во Петката – Ѓорѓија Сајкоски


 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги разреши дилемите кој ќе биде носител на листата во Петтата изборна единица. Тоа ќе биде генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски. Тоа го соопшти потпретседателот на партијата, Александар Николоски на денешната прес-конференција.

„Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во Петтата изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори“, рече истакна Николоски.