Влезот во Словенија зависи од тоа која вакцина сте ја примиле


Словенија објави детални правила за влез во земјата за оние кои сакаат да ја преминат границата врз основа на примената вакцина.
Така, во оваа земја може да се влезе ддоколку е примена една доза на АстраЗенека, 21 ден по вакцинацијата, но не и со една доза на Фајзер и Модерна. Со овие две вакцини може да се влезе во Словенија само доколку се примени обете дози. Покрај тоа, потребно е да поминат најмалку 14 дена од втората доза за Модерна, а за Фајзер се доволни седум.

Треба да се покаже потврда за вакцинација на граничната полиција, пренесува „Индекс“.

Издадени се детални правила за вакцините од други производители, а сите можете да ги видите подолу.

Вакцинирани лица можат да влезат во Словенија ако:

  • примиле втора доза на BioNTech / Pfizer пред најмалку седум дена
  • примиле втора доза на Модерна пред најмалку 14 дена
  • ја примиле првата доза на AstraZeneca пред најмалку 21 ден
  • примиле доза на Џонсон и Џонсон пред најмалку 14 дена
  • примиле втора доза на Спутник V пред најмалку 14 дена
  • примиле втора доза Синовак пред најмалку 14 дена
  • примиле втора доза на Синофарм пред најмалку 14 дена.

Условот за влез сè уште останува непосредна посета или деловна активност, а заминувањето на туристите сè уште не се смета за оправдана причина за влез во Словенија.

На оние кои не се вакцинирани, сè уште им останува можноста со негативен ПЦР тест кој не смее да биде постар од 48 часа или зза оние кои прележале КОВИД-19, со позитивен тест кој мора да биде постар од 21 ден и не смее да биде постар од шест месеци.

Без тест и потврда за вакцинација можно е да влезете во Словенија за транзит и мора да ја напуштите земјата во рок од 12 часа.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша објави дека очекува епидемијата на корона вирус во земјата да биде под контрола до 15 јуни, наведувајќи ја новата динамика во пристигнувањето на вакцините.

Во Словенија, во последните 24 часа, со намален обем на тестирање, беа потврдени 209 нови инфекции со коронавирус и пет смртни случаи меѓу пациентите.

„Ова не е крај на епидемијата, но со оглед на новата динамика на испорака на вакцини, реално можеме да очекуваме да се случи во средината на јуни“, рече Јанша во изјавата за време на посетата на болницата во Словењ Градец, но предупреди дека до тогаш треба да се почитуваат пропишаните мерки.

Според него, сега поповолната епидемиолошка состојба не смее да доведе до релаксација, особено во однос на новите варијанти на вирусот.