Власта ја одби иницијатива за надзорна расправа за Кочани


 

На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина Иницијативата на „Европски фронт“ за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани. За Иницијативата гласаа четворица членови на Комисијата од „Европскиот фронт“ и СДСМ.

Пратениците-членови на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди “ истакнаа дека тоа што не гласаа не значи дека се против одржување на надзорна расправа, туку се за опфаќање и на сите други претходни трагедии како модуларната болница во Тетово, „Беса транс“… Тие рекоа дека додека има активна истрага за случајот во Кочани, Собранието не би било добро да одржи надзорна расправа оти, тоа би било како вршење притисок и мешање во овој процес. Пратениците-членови на СДСМ нагласија дека не е време за собирање политички поени во вакви трагедии каде животот гоизгубија 61 лице и околу 200 повредени. Пратениците од „Европски фронт“ рекоа дека со тоа што не беше изгласана потребата за одржување на надзорна расправа власта покажува, како што посочија, дека не е гласот на народот.