Владо Јаневски се враќа на „Макфест“ како ревијален гостин


Поп-ѕвездата  Владо Јаневски ќе биде ревијален гостин на Макфест, кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип по 38. пат.

Триесет години по ‘Чаирска романтика’ и ‘Еден бакнеж’ во Штип ќе настапи новата песна ‘Златни години’“.

„Златни години“ се насловени и неговите три концерти во Филхармонијата во Скопје, кои ќе се одржат на 16, 25 и на 26 ноември, во организација на „Авалон“.

Покрај помладите пејачи кои ќе настапат на првата вечер на Макфест, на втората ќе настапат повеќемина познати изведувачи, велат од фестивалот. Меѓу нив се „Љубојна“, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски и други. Водители ќе бидат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски.