Владо Јаневски кај Жаре во „Еден на еден“ в недела на Канал 5 (видео)
На 12 ноември, в недела, во 18, 30 часот, на Канал 5, ќе се емитува втората емисија од сезона 15 на „Еден на еден“ , а гостин на Жарко Димитриоски- Жаре е поп-ѕвездата Владо Јаневски.
Гостувањето е во пресрет на трите распродадени концерти на Јаневски во Филхармонија, на 16, 25 и 26 ноември, насловени ,,Златни години – Најдоброто од Владо Јаневски”, во организација на „Авалон“.
Јаневски беше и ревијален гостин на Макфест, кој се одржа на 20 и 21 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип по 38. пат.
Триесет години по ‘Чаирска романтика’ и ‘Еден бакнеж’ во Штип настапи со новата песна ‘Златни години’“.