Владата во Софија ќе расправа за железничкиот тунел „Деве Баир“
Бугарската Влада денеска ќе одржи седница на кој ќе разговара за нацрт-договорот со Владата на Република Северна Македонија.
Документот ги уредува техничките, финансиските, правните и организационите прашања поврзани со подготовката, изградбата и работењето на објектот на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, јавија бугарските медиуми.
На дневен ред на последната владина седница за оваа година се девет точки.