Владата очекува намалување на цената на бензините и мал раст на цената на дизелот


Владата очекува во понеделник намалување на бензините и иста или за половина денар зголемена цена на дизелот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека мерката за намалување на ДДВ ги дава очекуваните резултати.

Уверува дека Владата ја следи состојбата и доколку има потреба ќе ја продолжи мерката за уште две недели или ќе се намалат акцизите.
– Засега состојбата е стабилна и нема потреба од ограничувања. Намалувањето на ДДВ-то ја намали цената на горивата, изјави денеска Мицкоски.
Во понеделник, Регулаторната комисија за енергетика треба да ги објави новите цени на горивата откако минатиот понеделник одлучи цената на бензините да остане иста, а на дизелот да се качи за 3,5 денари за литар.
По случувањето на Блискиот Исток, не само домашните, туку и светските експерти предупредуваат дека не очекува тешка година како во однос на енергенсите, така и во однос на цените на храната кои се очекува да се зголемат по скокот на нафтата на светските берзи и поскапувањето на ѓубривата што се користат во земјоделството.