Владата го задолжи ЕСМ да изработи студија за изградба на фотонапонска електрана во Штип
АД ЕСМ ќе треба да изработи студија за оправданост за изградба на фотонапонска електрана на земјиштето што беше планирано за изградба на карго аеродромот во Штип.
– На денешната седница, на предлог на канцеларијата на претседателот на Владата, Владата го задолжи АД ЕСМ да изработи Студија за оправданост и сите потребни технички и финансиско економски анализи со цел изградба на фотонапонска електрана од 300 MW до 350 MW, на локација во непосредна близина на Штип, на земјиштето кое беше планирано за изградба на карго аеродром, се наведува во денешното соопштение на Владата по одржувањето на редовната 69. седница.
Со заклучок на Владата, се задолжува АД ЕСМ да ангажира консултант за подготовка на тендерска документација и помош при спроведување на постапката за изградба на фотонапонската електрана со договор за изградба клуч на рака со обезбедување на потребните финансиски средства од страна на изведувачот согласно меѓународните искуства за ваков тип на проекти.