Владата донесе одлука за покачување на пензиите

Владата на денешната седница донесе низа важни одлуки – го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите.
Дополнително, Владата согласно последните измени на Законот за стокови резерви, денес донесе 2 одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство.
Одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв.
Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.
Одлука за набавка на 2.400 тони оризова арпа од реколта 2024 по цена од 37 денари без пресметан ддв.
Набавката ќе се врши од сите регистрирани производители и количината која ќе се откупи од секој регистриран производител поединечно ќе биде минимум 3 до максимум 20 тони.
Како Влада го штитиме домашното производство.
Оваа година имаме зголемени површини под пченица, од кој очекуваме просекот да биде многу поголем од предходни години.
Согласно евиденцијата на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година жетвата ке се изврши на 70.000 хектари што би значело дека се очекува да ги задоволиме потребите од нашето производство.