Влада: Одлуката на Уставниот суд за платите е скандалозна и несолидарна


Владата  оцени дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.

Со оваа одлука, потенцираат од Владата, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот за мерки за справување со КОВИД-19.

Владата, како што се наведува во соопштението, изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот.

Со оваа одлука уставните судии практично си пресудија и за  своите плати.