„Визер“ најавува нова рута од Скопје до Келн

Почнувајќи од денес, билетите се достапни за купување на веб-страницата на Wizz Air и преку мобилната апликација WIZZ, по цени почнувајќи од само 1.619 денари


Авикомпанијата „Визер“ (Wizz Air) денеска ја најави новата директна рута од Меѓународниот аеродром Скопје до Келн. Билетите се веќе достапни на wizzair.com и преку мобилната апликација WIZZ, по цени кои започнуваат од 1.619 денари (во еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба).

Оваа нова дестинација следува по неодамнешната најава на уште пет рути од Скопје до Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака. Со ова проширување, „Визер“ сега нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, од скопскиот и охридскиот аеродром – зајакнувајќи ги поврзаноста и можностите за патување за патниците од регионот и пошироко.

„Со отворање нови работни места и зголемување на туризмот, „Визер“ ја потврдува својата посветеност на поддршка на развојот на туристичката индустрија во Северна Македонија, како и на севкупниот економски напредок на земјата, велат од компанијата.

Андрас Радо, директор за комуникации во „Визер“, изјави: „Горди сме што ја прошируваме нашата мрежа од Скопје со новата рута до Келн, веднаш по најавата за пет други возбудливи дестинации. Со уште подостапни и поудобни можности за патување, нашето сè поголемо присуство во Северна Македонија ја одразува нашата долгорочна посветеност на регионот и на мисијата да го направиме патувањето достапно за повеќе луѓе од кога било досега. Let’s Wizz.“

Келн е живописен град каде што историјата и современиот живот се спојуваат на уникатен начин. Од величествената Келнска катедрала и шармантниот стар град, до богатата уметничка сцена, светски познатите музеи и веселиот дух – градот нуди по нешто за секој патник. Без разлика дали шетате покрај Рајна или уживате во неговите познати манифестации, Келн е дестинација што вреди да се открие во текот на целата година.