„Виза“ ќе дозволи плаќања со криптовалутата УСД коин

Американската компанија за картички „Виза“ (Visa) во понеделникот објави дека ќе прифати плаќања со криптовалутата УСД коин во својата мрежа до крајот на годината.
Со дигиталната платформа за плаќање и криптовалути Crypto.com, компанијата започна пилот програма за плаќање со УСД коин, што треба да вклучи и други компании до крајот на годината.
УСД коин е криптовалута чија вредност е фиксирана на курсот на доларот.
„Виза се одлучи за проектот откако неколку големи финансиски компании, вклучувајќи ги Mastercard, BNY Mellon и BlackRock, овозможија плаќање со криптовалути, а аналитичарите заклучија дека криптовалутите ќе станат составен дел од портфолиото за инвестиции.
Поттик за криптовалутите беше и минато неделната најава од страна на шефот на производителот на електрични автомобили Тесла, Елон Маск, дека купувачите во иднина ќе можат да плаќаат за неговите автомобили со биткоини.
„Забележуваме дека потрошувачите ширум светот сè повеќе бараат пристап до дигитални валути и нивно користење и задржување, а нашите клиенти сакаат да создадат производи што ќе им овозможат на потрошувачите пристап“, вели Куј Шефилд, шеф на одделот за крипто-валути во „Виза“.
До сега на пример, доколку клиент сака да плати кафе со Crypto.com картичка Виза, дигиталната валута во неговиот крипто-паричник прво ќе се претвори во традиционални пари. Е-паричникот потоа би го депонирал износот на банкарска сметка, која на крајот „Виза би ја искористила за да ја подмири сметката.
Новата шема нан „Виза“ ќе го поедностави процесот и ќе ги намали трошоците бидејќи благодарение на блокчеин технологијата Ethereum, дигиталната валута повеќе нема да мора да се претвора во традиционални пари.
„Виза“ соопшти дека ја завршила својата прва трансакција во март во партнерство со банка за дигитални средства Енкориџ (Anchorage), испраќајќи преку Crypto.com УСД коини (USD Coine) адресата на бизнисот на Visa Ethereum во Енкориџ.