Висока мода во Токио: Манчевски меѓу дами со стил


Македонските актерки Ана Стојановска и Сара Климоска блеснаа со модерниот стил на црвениот килим на 35.Меѓународен филмски фестивал во Токио, по повод светската премиера на филмот Кајмак во режија на Милчо Манчевски.
На Ана Стојановска  стилист и беше Катарина Ивановска и носеше потпетици Stuart Weitzman, палто Markov, панталони Maison Margiela, и чанта Aleksandar Mcqueen. Сара Климоска  носеше необичен дизајн од Амра Исмани.
 
 
Наградуваниот режисер Манчевски, препознатлив по ноншалантниот стил на облекување, им парираше на модерните дами на најголемиот во Азија фестивал од А-листата, со спортско-елегантниот изглед во црно од глава до петици. Продуцентот Јане Ќортошев избра елегантен костум со пеперушка, како што налага и дрес-кодот на гала-настанот.
 
 
По светската премиера во Токио, „Кајмак“ патува на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во
Тајпеј. Македонската премиера на „Кајмак“ е предвидена за средината на ноември, а филмот веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите киносали низ земјава.