Висечки шатори нов хит за љубителите на кампување во планина (фото)
Лебдечко засолниште или Floating Retreat е името на еден вид пловечко туристичко одморалиште во планините на градот Шарјах во Обединетите Арапски Емирати.
Оваа предложена туристичка атракција од студиото „Ард архитектс“ (Ardh Architects) од Дубаи ја комбинира возбудата на отворено со удобноста и луксузот на модерното сместување. Ард, што значи „земја“ или „почва“ на арапски, е студио за архитектура и урбан дизајн од Емирати со современ пристап кон архитектурата и модерната одржливост.
„Ард архитектс“ во соработка со Управата за инвестиции и развој на Шарјах го замислија ова пловечко светилиште како место кое ќе го оживее локалниот туризам, ќе ги истакне природните убавини и ќе ја подигне свеста за зачувување на животната средина. Во него треба да уживаат сите љубители на престојот на отворено во планините.
Во студиото дизајнирале проѕирни капсули кои личат на шатор, висат меѓу карпите, опремени со се ѓто е потребно за престој во природа. Објектите се поставени на идеален начин за одмор, истражување, како и качување и планинарење.
Искуството од престојот во ова единствено концептуално засолниште би им овозможило на сите заинтересирани да учествуваат во локалната култура и да купат рачно изработени сувенири, да вкусат локални специјалитети и да уживаат во природните убавини.
Како „Ард архитектс“ го замислиле Floating Retreat, погледнете во фотогалеријата.