Вимблдон: Чилиќ го совлада четвртиот носител

Лондон – Хрватскиот тенисер и финалист на Вимблдон од 2017 година Марин Чилиќ успеа да го совлада во второто коло четвртиот носител Британецот Џек Дрејпер со 3:1 во сетови (6:4; 6:3; 1:6 и 6:4).
Во текот на мечот Чилиќ имаше целосна контрола и доминација, а Дрејпер иако бодрен од домашната публика тешко успеавше да влезе во игра. Британецот се надеваше на добар резултат, но по третпат успева да стигне само до второто коло. Чилиќ во следната рунда в сабота ќе игра против Хауме Мунар од Шпанија.
Првиот светски рекет Јаник Синер без поголеми напори стигна до третата рунда откако вечерва го победи Александар Вукиќ од Австралија со 3:0 во сетови, иако ја искористи дури шестата меч топка.
Кај жените во меч од второто коло Ига Швјонтек од Полска со пресврт стигна до победата во второто коло против Американката Кети Мек Нали. По загубениот прв сет полската тенисерка во следните два на ривалката и препушти само три гема и мечот го доби со 2:1 во сетови (5:7; 6:2 и 6:1). Швјонтек во следната рунда ќе игра против Даниеле Колинс од САД.