(Видео)Експлозии во заложничката драма во Луцк


Експлозии се слушнаа во украинскиот град Луцк, на местото каде вооружениот напаѓач држи  заложници, соопшти телевизијата „Канал 24“.

-Предмалку се слушнаа три експлозии. Едната од нив беше експлозија, а другите две беа сомнителни тресоци. Војниците што беа до мене кажаа дека станува збор  за звук на граната. Се виде и облак од чад , јави известувачот на телевизијата од местото на настанот.

Според агенцијата УНН, експлозијата се случи околу 15:20 часот по московско време.

„Се знае дека терористот од автобусот фрли неидентификувана експлозивна направа, што потоа експлодира. Никој не е повреден“, пренесе агенцијата.

Човек кој се претставил како Максим Плахој, претходно зеде 20 патници од автобус во украинскиот град Луцк за заложници. Во моментот полицијата преговара со него.