Црното Море стана понебезбедно од Персискиот Залив


По нападите на неколку бродови со најверојатно руски дронови, погледите се свртија кон Црното Море кое според анализите станало понебезбедно од Ормутскиот теснец, иако таму се води војна. Според податоците на Меѓународната поморска организација, на кои се повикува „Фајненшел тајмс“ , оваа година во Црното Море загинале најмалку 40 морнари, во споредба со 24 потврдени смртни случаи во Ормускиот Теснец.

Поради ова, на 25 октомври, медиумот објави напис со наслов: „Црното Море моментално е најопасната поморска рута во светот“. Британскиот медиум понатаму наведува дека оваа година во Црното Море биле погодени повеќе од 570 пловни објекти.

Сепак, важно е да се напомене дека Црното Море е многу пофреквентна поморска рута од Ормускиот Теснец, низ кој во последните месеци поминувале најмногу 12 до 26 бродови дневно.