(Видео) Жесток судир меѓу полицијата и демонстрантите во Берлин: Се фрлаа шишиња и камења


 

Полицијата и демонстрантите во Берлин, Германија жстоко се судрија синоќа на собир одрганизиран по повод одбележувањето на 1 мај во саботата, додека низ цела Германија имаше само спорадични судири на настани организирани од членови на левицата и десницата.

Околу 5.000 луѓе дојдоа на собирот во берлинската населба Неукелн, соопшти полицијата, додека набљудувачите тврдат дека имало 20.000. Полицијата беше подготвена за 10.000 учесници.

Со шишиња и камења на полицијата

Учесниците на собирот ги гаѓаа полицајците со шишиња и камења. Полицијата се обиде да ги одвои одговорните за насилството, по што беше нападната.

Тројца полициски службеници се здобија со повреди од пиротехнички средства.

Запалени беа и контејнери за ѓубре.

Полицијата која користеше и бибер-спреј, уапси неколку демонстранти.

Насобраните мафтаа со знамиња и истакнаа транспаренти. Пред почетокот на демонстрациите жените со црвени маски танцуваа, а некои извикуваа слогани против полицијата.

Настанот доцнеше затоа што некои учесници не ги почитуваа правилата за дистанцирање, додава полицијата, која внимаваше на поворката да се одржува растојание.

Порано во текот на денот, 10.000 велосипедисти учествуваа на собир против капитализмот во населбата Грунвалд.

Во источниот дел Лихтенберх 200 луѓе демонстрираа против мерките за борба против пандемијата.

Слични собири имаше во десетици други градови.

Во Хамбирг полицијата со водени топови ги растера демонстрантите пред левичарскиот куптурен центар „Роте Флора“, каде се собраа стотици луѓе кои не ги почитуваа мерките на дистанцирање.