(Видео) Вулканот пет недели го уништува шпанскиот Канарски остров


Вулканот кој веќе пет недели по ред еруптира на шпанскиот остров Ла Палма, не само што не покажува знаци да сопре, туку станува и сѐ поактивен, потврдија надлежните.

Делумен колапс на кратерот предизвика новата река лава која сега ги ништи подрачјата на островот, кои претходно не беа загрозени.

Институтот за вулканологија на Канарските острови ја опиша појавата како „голема фонтана од лава“.

Vulkan već pet tjedana uništava španjolski otok, snimke su zastrašujuće

„Сега сме во нова фаза, која е многу поинтензивна“, рече Педро Ернандез, вработен во Институтот.

Ерупцијата створи енормен облик на вулкански чад и пепел над островот недалеку од југозападниот брег на Африка.

Како што јавува Скај њуз, жителите со загриженсот гледаат во која насока ќе тргне новата река лава, а власите се подготвуваат за евакуација на уште луѓе од нивните домови.

Градовите во близина се затрупани со пепел.

Благодарение на брзата реакција на властите и евакуацијата во ерупцијата на вулканот на Ла Палма никој не настрада, но лавата уништи повеќе од 2.000 згради, повеќето куќи, и прекри повеќе од 900 хектари површина.

Околу 7.500 луѓе од 85.500 жители беа присилени да побегнат.

Реките лава кои се спуштаат од кратерот на места се широки и до три километри, објавија властите.

На рабовите од вулканот постојано се појавуваат нови пукнатини од кои излегува лава.

Една река лава веќе стигна до Атланскиот Океан, а друга сопре кога влезе во населено место на брегот, уништувајќи сѐ пред себе.

Научниците само минатата недела забележаа повеќе од 800 потреси на Ла Палма, при штожителите не ги почувствувале повеќето. Најсилниот бил со магнитуда од 4,9 степени според Рихтер.

Поголемиот дел од островот не е зафатен со ерупцијата, западните делови каде полињата лава неуморно се шират, се соочуваат со неизвесна иднина.