(Видео) Урната „Трамп плаза“
Видеото од имплозијата на зградата „Трамп плаза“, последниот остаток од некогаш доминантниот бренд на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во Атлантик Сити, го обиколи светот.
До имплозијата дојде на помалку од еден месец откако Трамп ја напушти Белата куќа.
„Трамп плаза“ беше една од првите три казина во сопственост на Трамп, пред неговото работење во коцкарската индустрија во Атланатик Сити да банкротира засекогаш, пишува Њујорк тајмс.
Додека ја водеше кампањата за претседател, Трамп се фалеше дека ги надмурдил заемодавците од Волстрит и вредноста на својот имот ја зголемил за цело богатство во Атлантик Сити.
„Парите кои таму ги зедов се неверојатни“, рече во едно интервју.
Прв пат отворена во 1984 година, „Трамп плаза“ стана 10 казино во Атлантик Сити. Трамп вработуваше илјадници луше, а неговите казина пружаа десетици милиони долари даночен приход.
Но, по пријавата за банкрот, Трамп во 2009 година ги прекина врските до казиното, иако неговото име уште кусо продолжи да ја краси зградата. „Трамп плаза“ засекогаш се затвори во 2014 година.
https://twitter.com/disclosetv/status/1362045250139803648?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1362045250139803648%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fbiz%2Fvesti%2Fsvet.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D02dd%3D17nav_id%3D1813319