(Видео) Украинците нападнаа една од најголемите рафинерии во Русија


Укриански сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија Новокуибишевск во руската област Ростов, објави на Телеграм шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Коваленко, а пренесува Укринформ.

Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви капацитети во Русија.

Објектот произведува широк спектар на нафтени продукти, вклучително и бензин, дизел гориво и масло за греење, од кои сите се критично важни за транспортот и воената опрема, истакна Коваленко. Тој додаде дека објектот е од стратешко значење за руската војска бидејќи обезбедува стабилно снабдување со гориво за продолжување на воените напори против Украина.

Како што претходно објави Укринформ, во раните утрински часови во саботата, 8 март, беспилотни летала управувани од украинското одбранбено разузнавање го нападнаа претпријатието Киришнефтеоргсинтез во руската област Ленинград.