(Видео) Убиен доставувач на храна, поради доцнење на порачката

Доставувач на храна за „Бургер кинг“ убиен е по кавга затоа што доцнел со нарачката, соопштија властите на државата Флорида.
Канцеларијата на шерифот го идентификува убиецот, а се работи за 37-годишниот Келвис Родригез Тормес, пренесе АП.
Жртвата е 22-годишниот Дезмонд Армонд Џошуа Џуниор, кој недамна почнал да работи во ресторанот, пренесуваат американските медиуми.
До пукањето дошло во саботата вечерта откако една жена порачала храна а ги критикувала вработените во „Бургер Кинг“ потади тоа што требло подолго да чека испорака. Нејзе ѝ се вратени парите, но таа се вратила со Тормес кој пукал во Дезмонд, по кавга на паркингот.
Армонд починал подоцна во болница.