(Видео) Туна со нова песна и секси стајлинг
Алтуна – Туна Сејдиу , ја објави синоќа својата најнова песна.
Песната е насловена „Не го сака моето срце“, со текст од Аида Бараку, а компонирана од Арменд Реџепагиќ. Продуцент на новата песна на Туна е Дарко Димитров, пренесува Експрес.
Туна во овој видео спот се појавува во најубавото издание, но и во жешки сцени. Видеото на песната е веќе е објавено на Јутјуб.
Претходно, атрактивната пејачка од Скопје стана новото заштитно лице на македонската групација со луксузни италијански брендови која ги замени поп-ѕвездата Каролина Гочева и манекенката Катарина Ивановска во новата фотосесија за претстојната есен-зима.
Тахири, позната по својот гламурозен и експлозивен стил на сцената, го поднови гардероберот со нови спортско елегантни комбинации во нежни бои.
Светлосината која доминира како боја е одлична за да го долови вистинското есенско расположение кое надоаѓа по променливото лето.
Урбан и во исто време женствен изглед кој може да се искомбинира и со патики и со сандали и чевли на високи потпетици.