(Видео) Торнадо во Германија: Педесетина повредени, неколку загинати


 

Повеќе од 50 луѓе се повредени, меѓу нив и десет потешко во Падерборн, на западот на Германија каде се појави „торнадо“, вели портпаролот на полицијата за АФП. Има и неколку загинати, односно споре првичните информации, тројца загинале.

Торнадото предизвикало голема материјална штета во тој град во Северна-Рајна Вестфалија, која со цела јачина беше погдена од бурата што моментално поминува низ Германија, а се појави по невообичаено високите температури за ова време од годината.

Во градот Липштад, триесетина километри понатаму, најверојатно зафатило торнадо, вели портпаролот на пожарникарите. Засега нема дојави за повредени.

Невремето зад себе остави обројни оштетувања на тоа подрачје на западот на Германија, а спасувачките служби јавија за голем број урнати покриви и искорнати дрвја.

Исто така, железничкиот сообраќај е нарушен.

Германската метеоролошка служба јави вчера дека ударите на ветар на места достигнуваат брзина од 130 км/ч.

Невремето во Липштајн ја урна кулата на една црква, а ДПА јави дека повеќе од 100 луѓе се привремено заробени во локален отворен базен откако паднати стебла го блокирале патот.