(Видео) Талибанци го носат на погубување, а тој им кажува вицови и им се смее во лице: Погубен познат комичар зошто ги навредил


Објавени снимки на кои се гледа како Назар Мухамед раскажува шеги за Талибанците додека го носат на  погубување.

Талибанците погубија познат комичар и ТикТокер кон крајот на јули за „срамни“ шеги на нивна сметка. Убиството се случи по освојувањето на авганистанскиот град Кандахар. Сега е објавено видео на кое се гледа како Назар Мухамед, попознат како Каша Звана, е изнесен од талибанците од неговата куќа и туркан во автомобил. За тоа време, тој продолжува да ги исмева и продолжува да кажува шеги за нив.Комичарот Назар Мухамед наводно бил застрелан. Организацијата „Хјуман рајтс воч“ изјави дека Талибанците го тепале, а потоа го убиле Мухамед на крајот на јули во Кандахар, откако градот паднал во нивни раце. Каша Зван е познат по своите снимки на „ТикТок“, каде што ги исмеваше талибанците преку песна и танц. 

Во видеото од последните моменти од неговиот живот, Мухамед продолжува да се шегува за Талибанците, поради што еден „борец“ во автомобилот му удира неколку шлаканици. Човекот лево се смее злокобно и мавта со оружје, прво помало, а потоа поголемо. Назар беше застрелан по ова видео, пишува „Daily Mail“. 

По егзекуцијата, се појавија фотографии на кои се гледа како комичар лежи покрај дрво, а потоа лежи на земја со пресечен врат. Талибанците веднаш негираа дека се вмешани во убиството на комичарот, но подоцна признаа дека го погубиле Мухамед, како и дека двајцата вооружени мажи во автомобилот биле нивни членови и дека ќе им се суди пред талибанскиот суд. Тие, исто така, тврдеа дека Каша Зван учествувал во тортурата и убиството на Талибанците и дека требало прво да биде изведен пред суд, наместо веднаш да биде застрелан.Назар Мухамед порано работешел за авганистанската полиција, поради што е честа мета на закани, а познат е по релативно грубите шеги и духовити песни. Редовно се шегувал за сe и сешто, вклучително и Талибанците. Атентатот врз Мухамед предизвика страв кај луѓето дека Талибанците ќе продолжат да се одмаздуваат на сите што наводно „згрешиле против нив“.