(Видео) Стигна освежената „фиеста“


 

Популарниот супермини автомобил е редизајниран и унапреден на половина од животниот век за да го задржи своето место – прв на врвот по продажба во Бе сегментот. Првите испораки на купувачите се очекуваат на почетокот на следната година, а цената е незначително зголемена за ралзика од сега.

Визуелните корекции на автомобилот „фиеста“ вклучуваат поинаква предна маска, како и дотерани ЛЕД светла и браници. Освен тоа, новата верзија ќе добие и ала тркала со нов дизајн (од 17 и 18 инчи), а тука е и широката палета бои.

Во внатрешноста има модерен мултимедијален систем и 12,3-инчна дигитална инструмент табла.

Еднолитарскиот „екобуст“ троцилиндарец е достапен со 125 или 155 коњски сили, заедно со интегриран стартер генератор кој овозможува поголем вртежен момент при забрзувањето. Благиот хибрид стандардно доаѓа со шестостепен мануелен менувач, додека послабата верзија е опционо достапна и со седмостепен автоматски менувач.

Единствена конвенционална погоднска единица е бензинецот со 100 коњски сили кој доаѓа исклучиво со рачен менувач.

На врвот на понудата се наоѓа „фиеста ес-те“, чиј 1,5-литарски безнинец е унапреден за максималниот вртежен момент да се зголеми од 290 на 320 Нм, додека силата остана иста (200 КС).