(Видео) Спречете ја болката во вратот: Лесна вежба која ќе ги намали јазлите и ќе ви олесни


Масажа со тениско топче за грб – овие едноставни вежби можете да ги правите дома, тие ќе ви донесат олеснување и ќе ги намалат болките во вратот и грбот!

Непријатното чувство во грбот, болка, затегнување, прободување, сите овие сензации можат негативно да влијаат на квалитетот на животот. Една од најчестите болки е помеѓу лопатките, местото каде што најмногу се акумулира стресот и кое страда поради седентарен начин на живот и лошо држење на телото. Исто така, мускулите во оваа област често се згрчени поради постојаното носење тешки торби, долго седење пред компјутер или дури долго држење на мобилен телефон додека раката ни е свиткана.

Еден од најчестите совети за намалување на болките во грбот е вежбањето. Ова е ефикасен начин да се ослободите од болките во грбот, вратот и главоболките, а следните вежби можете лесно да ги направите сами дома. Потребни ви се само 6 минути во текот на денот, а наместо специјална опрема, потребно е само едно тениско топче. Овие вежби вклучуваат потпирање на рамен ѕид и поставување на топката помеѓу нив. Како што се движите, така ќе се движи и топката, што го прави овој третман одлична самомасажа.

За да постигнете траен позитивен ефект, треба редовно да ги повторувате овие вежби. Меѓутоа, доколку имате силни болки, повреди на ‘рбетот или на кој било дел од грбот, неопходно е да се консултирате со лекар пред да ги примените овие вежби. Исто така, не притискајте многу на грбот додека го изведувате овој домашен третман, туку правете сè лесно и само онолку колку што сакате.

Погледнете во видеото подолу како да направите самомасажа на грбот со топка!