(Видео) Синот на Елон Маск остави незаборавен впечаток во текот на презентацијата на „Спејс икс“


Основачот на „Спејс икс“ Елон Маск, одржа виртуелна презентација во средата, а на почетокот на презентацијата присуствуваше и неговиот 18-месечен син X AE A-Xii.

Маск ги сподели новостите за „Старшип“ – вселенсо летало кое може во потполност да се користи додека говореше на Националната академија на науките, инжинерство и медицина, но бебето X беше тоа кое ги украде светлата на рефлекторите со својата харизматична личност.

X AE A-Xii, чија мајка е музичарката Грајмс, остави незаборавен впечаток во текот на своето кратко појавување пред камерата, вејеќи: „здраво!“ и мафтајќи со своите рачиња во воздухот.

Откако сфати дека ѕвезда на Зум повикот, беше изненаден, па потоа некој го изнесе од собата.

Маск и канадската пејачка (33) го добија своето прво заедничко дете во мај 2020 година. Два месеци подоцна, извршниот дирекот на „Тесла“ зборуваше за родителството, признавајќи дека Грајмс има практична улога во раните месеци од растењето на нивниот син.

„Па, бебињата само јадат, знаете? Во моментот не можам многу да направам. Грајмс во моментот има поголема улога од мене. Кога детето ќе порасне, ќе има работа и за мене“, додаде Маск.