(Видео) Синоќа се гледаа светлечки објекти на ноќното небо


Граѓаните на овој дел од светот, меѓу кои и Македонија, забележаа необично движење на небото за што се пишуваа разни приказни како НЛО, заговор против цивилизацијата и сл.

Но, се работи за сателитското соѕвездие на компанијата „SpaceX“ на Елон Маск, а има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет.

Сателитите се густо групирани додека со помош на сопствените конски мотори се искачуваат до конечната орбита од 550 километри височина, со бризна од 28.000 км/ч. Откако ќе се позиционираат, повеќе нема да бидат толку забележливи затоа што рамномерно ќе се распоредат околу планетата Земја. Нови 60 сателити „Старлинк“ лансираше од Флорида на 4 мај. Во моментот кога беа видливи од нашето подрачје се наоѓаа на височина од околу 280 километри и се движеа со брзина од околу 27.000 км/ч.

Соѕвездието се состои од повеќе мали сателити во ниската орбита на земјата, кои работат во комбинација со копнени предаватели.

Проектот изнесува 10 милијарди американски долари, и започна во мај 2015 година, а во февруари 2018 година веќе беа лансирани првите два тест летови на сателитски прототипи.

Целта на компанијата е, во орбитата, да подигне околу 12.000 сателити.