(Видео) Силен земјотрес го погоди главниот град, неколкумина загинаа: „Зградите се тресеа како дрвја“


Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени во земјотрес со јачина од 5,7 степени што го погоди Бангладеш во петокот.

Зградите беа оштетени во многу области, вклучувајќи ја и Дака, густо населената престолнина, а земјотресот беше почувствуван и во Индија.

Жителите на Дака истрчаа од своите домови додека зградите се тресеа, некои се уриваа. Три лица загинаа кога шесткатна зграда се урна за време на земјотресот, објави Ројтерс.

„Почувствувавме силен земјотрес, а зградите се тресеа како дрвја. Скалите беа преполни со луѓе што трчаа надвор. Сите беа преплашени, децата плачеа“, рече Суман Рахман од Дака.

„Никогаш во животот не сум почувствувал таков земјотрес. Бевме во канцеларијата кога мебелот почна да се тресе. Брзавме по скалите кон улицата и веќе видовме други луѓе на патот“, рече Садман Сакиб, кој работи во приватна компанија во Дака.

Снимките од земјотресот беа објавени и на социјалните мрежи.