(Видео) Се урна хотелот „Дубровник“ во Аргентина – се трага по преживеани


Хотелска зграда од 10 ката се урна рано утринава во крајбрежниот град Вила Гесел во аргентинската провинција Буенос Аирес, соопштија локалните власти.

Се претпоставува дека во тој момент во хотелот во „Дубровник“ имало меѓу седум и девет лица, меѓу кои и градежни работници кои наводно работеле без градска дозвола, се наведува во соопштението.

Спасувачките екипи ги отстрануваат урнатините за да ги ослободат затрупаните, соопштија властите на Вила Гесел, додавајќи дека општинските власти во август годинава ги прекинале градежните работи на локацијата.