(Видео) Се судрија два германски борбени авиони, делови паднале во населена област


Два борбени авиони „еурофајтер“ се судрија на небото над Германија во близина на градот Малхов, објави „Билд“. Се претпоставува дека пилотите навреме се катапултирале, меѓутоа постои опасност остатоците да паднале на населена област.
Според министерството за одбрана на Германија, авионите се судриле над шумска област, каде и паднале нивните остатоци, што предизвикало пожар.
Видео постирано на социјалните мрежи од локалното радио покажува густ, црн чад, што се издига од шумата. Некои делови од од авионите ја погодиле и резиденцијалната област, јавува локалниот весник, SVZ.
Двата авиона биле дека од воената формација ‘Стеинхоф’, стационирана во близина на градот Росток. Тие изведувале тренажен лет кога се случил инцидентот. Се верува дека пилотите се катапултирале и преживеале. За сега нема извештаи за евентуални жртви.
Еден од пилотите е најден жив, потврди министерството за одбрана, а се трага по другиот.
Местото каде паднаа авионите е позната туристичка дестинација.