(Видео) Роднина на еден од патниците во автобусот бара информации барем за преживеаните
Родинина на еден од патниците во автобусот кој се запали во Бугарија, вели дека немаат никакви информации за своите најблиски.
Тој повика институциите или некој од агенцијата „Беса транс“ да ги информира.
– Барем за тие што се преживеани, да кажат информација на луѓето – вели Џељаљ Бакиу, чиј братучед патувал на оваа екскурзија.
Информацијата ја видел на интернет, поточно на фејсбук, утрово во 6 часот. Почнале да бараат информации по Фејсбук, но и ѕвонеле во агенцијата, но никој не им се јавувал.
Вели дека братучедот не е достапен, но не може да знае дали е меѓу жртвите или преживеаните.
– Не можам да знам, но се сомневам, затоа што тој не се јавува – вели Бакиу.
Се чуди зошто никој не се јавува, „така како што се јавуваа кога баравме патување, треба и сега да се јават, да кажат на луѓето“.
Во трагичната несреќа во Бугарија, на 30-тина километри од Софија, се запали автобус на „Бесда транс“ кој се враќал од екскурзија во Истанбул кон Скопје. Во автобусот имало 52 патници, од кои изгореа 45 и возачот, а седуммина се спасија и се во болница, но нивните животи не се во опасност.