(Видео) Пукање во казино во САД, загинаа двајца
Во саботата вечерта, дошло до пукање во казино во близина на Грин Беј во САД, во сојузната држава Висконсин, а убиени се две лица, додека едно лице е серионо повредено, јавија американските медиуми.
Полицијата потоа пукала и убила вооружен напаѓач, за кој истражителите сметаат дека имал личен однос со некој од вработените во ресторан и хотел во близина на казиното.
Лицето кое напаѓачот сакал да го убие не било во казиното кога тој почнал да пука, но затоа на пат му се нашле неговите соработници и пријатели.
Сведок на настанот вели дека во казиното по пукањето било хаос.
„Луѓето трчаа насекаде, сакаа да се спасат“, вели тој.