(Видео) Потоп во Словенија – Љубљана под вода


Фото: Б. Грданоски

 

Словенија во средата беше погодена од силно невреме, а медиумите јавуваат дека се потопени подруми, паднати се бројни дерјва, оштетени покриви.

Невремето што почна на североистокот на земјата за кусо време се проширило на цела земја.

Метеоролозите велат дека според нивните пресметки олку многу дожд за толку кратко време паѓа еднаш во 250 години.

Силен дожд паѓаше и во текот на ноќта, а најтешка е ситуацијата во главниот град Љубљана.

Поплавени се подземни премини, каде остана заробен автомобил, но возачот се извлекол без повреди.

Во само 10 минути во Љубљана наврнале 25 литри дожд на метар квадратен.

Метеорологот Рок Косан вели дека во природниот парк „Горичко“, вкупно паднале 93 литри вода на метар квадратен, а во Љубљана 88.

„Во овој кус период имавме повеќе дожд отколку во изминатите два месеци заедно“, рече Косан.

Пожарникарите имле полни раце работа во делови од градот каде испумпувале вода, а интервенирале и на еден пожар предизвикан од гром што погодил дрво.

Водата го потопи и театарот, портпаролот на оваа институција вели дека за време на претстава понало да прокапува од покривот.

Претставата била прекината, а луѓето евакуирани. Струјата е иосклучена, но се уште не е проценета штетата.